(Видео) Путин не дојде да го пречека: Макрон пристигна во Русија на средба со рускиот претседател
Францускиот претседател Емануел Макрон пристигна во Москва на средба со неговиот руски колега Владимир Путин.
Како што е најавено, главни теми на средбата ќе бидат ситуацијата околу Украина и безбедносните гаранции кои Русија ги бара од Западот. Макрон доаѓа со идеи како да се намали тензијата во Европа.
По слетувањето, Макрон не се симнал од авионот речиси половина час.
Францускиот претседател пред средбата со рускиот лидер изјави дека е оптимист, но дека не верува во чуда.
Се очекува разговорите да бидат долги и да завршат со заедничка прес-конференција меѓу Путин и Макрон.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Зеленски: Можна е средба меѓу Украина, САД…
Украина, Соединетите Американски Држави и Русија би…
Трамп ги замрзна санкциите кон Русија
Претседателот на САД, Доналд Трамп, го стопираше…
Украина нападна руска радарска станица вредна околу…
Украинските одбранбени сили синоќа нападнаа руска радарска…
Руските власти го уапсија главниот уредник на…
Уредникот на рускиот независен медиум „Новаја Газета“,…
Руте разговарал со Зеленски за важноста од…
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави…