Објавено на:

(Видео) Путин со обожаватели во Дагестан, бакнуваше дами, народот го чека со раширени раце

t

Рускиот претседател Владимир Путин се појави во градот Дербент, а беше пречекан од ентузијастичка толпа. Инаку, Дербент е најјужниот град во Русија, а воедно и трет по големина град во Руската Република Дагестан.

Како што може да се види од видеата кои кружат на социјалните мрежи, Путин се ракува со толпа воодушевени граѓани, од кои некои дури се фотографираа со него. Згора на тоа, една госпоѓа меѓу насобраните граѓани толку многу го развеселила претседателот на Руската Федерација што тој ја бакнал во челото за време на фотографирањето.

Аналитичарите и голем број западни лидери рекоа дека Путин е ослабен од бунтот во Русија минатиот викенд и најверојатно ќе сака да покаже дека сè уште е популарен кај својот народ.

Сепак, не се сите толку сигурни дека токму Путин толку невнимателно влетал во толпата и ги гушкал луѓето. Некои корисници на Твитер веруваат дека рускиот лидер никогаш не би ризикувал близок контакт со луѓе (или поради страв од напад, или поради страв од вирус – да се потсетиме на неговата целосна изолација за време на пандемијата на Ковид).

Затоа, се шпекулира дека меѓу народот всушност бил дублер на Путин, еден од неколкуте кои според непотврдени гласини ги користи рускиот претседател.

ЛИНК од видеото

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Волстрит џурнал“: Орбан е кандидат за генерален…

Соединетите Американски Држави го поттикнале поранешниот унгарски…

И Македонија ќе треба да излезе од…

Русија ќе се обиде да ја искористи…

НОВ НАПАД ВО ЦРНОТО МОРЕ: РУСИЈА ПОГОДИ…

Руските вооружени сили погодиле брод за насипни…

Трамп ја зазема страната на Русија против…

Пензионираниот американски генерал-потполковник Бен Хоџис го обвини…

Зеленски: Можна е средба меѓу Украина, САД…

Украина, Соединетите Американски Држави и Русија би…