(Видео) Русите се пофалија: Со “Кинжал” уништен противвоздушниот систем “Патриот”, “средбата” беше пеколна
Ракетниот комплекс „Патриот“ во Киев е уништен од хиперсоничниот ракетен комплекс „Кинжал“, соопшти Министерството за одбрана на Русија.
„Противвоздушниот ракетен систем „Патриот“ од американско производство беше погоден од прецизен напад од хиперсоничниот ракетен систем „Кинжал“ во Киев“, соопшти Министерството.
Граѓаните на Киев го снимија судирот меѓу системот за противвоздушна одбрана на Вооружените сили на Украина и руските ракети. Лансирањето на противвоздушните ракети на системот „Патриот“, за разлика од повеќето други системи, не се одвива под прав агол, туку под агол од 38 степени, како на објавеното видео.
Откако ги испукале сите проектили, руска ракета паднала на позицијата на украинската ПВО, а потоа бил забележан пожар. Министерството за одбрана на Русија потврди дека „Патриот“ е уништен во Киев со хиперсоничен ракетен комплекс „Кинжал“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Украински напад врз една од најголемите руски…
Украина изврши напад врз рафинеријата за нафта…
Иран и Русија планираат изградба на гасовод…
Иран планира во соработка со Русија да…
Руски напади врз објект на „Нафтогас“ во…
Руските сили синоќа трипати нападнале објект на…
Трамп, Путин и Си Џинпинг на иста…
Кина потврди дека се водат разговори за…
Трамп: Русија и Украина за првпат се…
Американскиот претседател Доналд Трамп смета дека Русија…