(Видео) РУСИТЕ ЧЕКААТ ВО РЕДИЦИ ЗА ЈАЈЦА; Западните санкции ќе им ја поскапат руската салата

t

Западните санкции направиле цента на јајцата во Русија да се зголеми за 40,29 отсто, речиси 1,5 пати, а причина за тоа е поскапувањето на храната за живина и на ветеринарните производи. МоскваТајмс пишува како Русите чекаат во редици пред супермаркетите со надеж дека ќе добијат неколку десетици јајца, додека руското Министерство за земјоделство предлага шестмесечна забрана за извоз на јајца и увоз на јајца од Турција како контрамерка.

Санкциите направиле да се зголемат и трошоците за увоз на јајцата. Ова значи дека Русите сега имаат потешкотии да најдат некои од основните продукти во супермаркетите, особено пред празниците. Во меѓувреме, Кремљ се фали дека добро се справува со инфлацијата и дека земјата има економски раст од 5,5 отсто во третото тромесечје од оваа година, за разлика од -3,5 отсто од истиот период лани.

Сепак, на терен, граѓаните мака мачат со јајцата.

– Порано плаќав 70 рубли за десетина јајца, но сега чинат двојно повеќе, меѓу 130 и 140 рубли – рече за агенцијата АФП 21-годишниот студент Илија Зарубин.

Во моментов во Русија за 1 евро можете да добиете 100 рубли.Тоа значи дека 140 рубли се околу 1,4 евра.

Во пограничниот град Белгород луѓето чекаа за јајца на пазар. Тие чекале во редици затоа што знаеле дека таму цената е прилично ниска, 65 рубли за 10 јајца.

– Моравме да ја ограничиме продажбата на само дваесетина по лице, за секој да може да купи јајца – изјави Јулија Шчедрина , заменик гувернерка за регионот на Белгород.

– Нема недостиг, јајца ќе има за сите – рече таа.

Јајцата и мајонезот се клучните состојки на традиционалните јадења на крајот на годината, особено руската салата (Оливија салата), незаменливо јадење за новогодишната ноќ.

– Што и да е потребно, ќе си направам салата од оливија за новогодишната ноќ, макар и производите поскапеле – изјави Елена (60) за АФП, вработена во службата за психолошка помош во Москва.

– Но, тажно и срамота е што цените толку пораснаа – признава таа.

Пензионерката Јелизавета Шалаевскаја(76) имаше остра изјава:

– Згрозена сум!… Она што се случува со цените е ноќна мора, и не само за јајцата, туку и за сè.

Нина Неварених, 65-годишна пензионерка, се согласи дека цените на јајцата нагло пораснале.

– Не разбирам зошто (јајцата) се накачија, но тоа е факт… Можам да почувствувам како ми е погоден паричникот – рече таа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Просечната нето плата во февруари 39 276…

Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во…

Продолжија протестите против војната во Газа, професорите…

Студентите кои протестираа против војната меѓу Израел…

МВР со детали за пожарот зад Универзална…

На 26.04.2024 во 11.42 часот во СВР…

Цветници е празник на кој треба да…

На самиот крај од шестата недела на…

Амбасадорот на Израел во Србија го негираше…

Амбасадорот на Израел во Србија, Јахел Вилан,…