(Видео) Русија покажа за колку секунди “Сармат” може да стаса до главните градови на Велика Британија, Франција и Германија
На руската програма Русија 1, водителката на емисијата 60 минути Олга Скабеева и гостинот Алексеј Журављов, пратеник во рускта Дума, зборуваа за тоа колку секунди интерконтиненталната балистичка ракета „Сармат“ и е потребно време за да стигне до главните градови на Велика Британија, Германија и Франција, земји кои снабдување со оружје за Украина.
Во разговорот меѓу водителката и гостинот меѓудругото стана збор и за тоа колку секунди руска „нуклеарка“ може да ги погоди градовите на државите кои Украина ја снабдуваат со оружје.
„Еден сарматинец и толку британските острови не постојат. Сериозен сум“ нема да постојат, рече Журавлев, пренесува порталот Правда.
„Сармат“ е нова тешка интерконтинентална балистичка ракета и се очекува во периодот што следи руската армија да ја опреми секоја со десет или повеќе нуклеарни боеви глави. Русија неодамна успешно ја тестираше ракета што го носи озлогласениот прекар Сатана 2 или Сатановиот син како што се опишува во круговите на НАТО.Пратеникот од руската Дума, Евгениј Попов од партијата Единствена Русија во предупреди дека и Британија има нуклеарно оружје, а во случај Русија да ја искористи ракетата „Сармат“, „никој нема да преживее, никој нема да остане на планетата“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Украински напад врз една од најголемите руски…
Украина изврши напад врз рафинеријата за нафта…
Иран и Русија планираат изградба на гасовод…
Иран планира во соработка со Русија да…
Руски напади врз објект на „Нафтогас“ во…
Руските сили синоќа трипати нападнале објект на…
Трамп, Путин и Си Џинпинг на иста…
Кина потврди дека се водат разговори за…
Трамп: Русија и Украина за првпат се…
Американскиот претседател Доналд Трамп смета дека Русија…