(Видео) Руси од оклопно возило пукаат во центарот на Херсон

t

На социјалните мрежи се шири видео од пукање во центарот на градот Херсон, главниот град на јужниот регион под руска окупација.

Доцна синоќа дошло до судири во центарот на Херсон, а Украина и Русија меѓусебно се обвинуваат дека го испровоцирале пукањето. На видеото се гледа како руско оклопно возило отвора оган, но не се гледа кон кого пукаат.

Да потсетиме дека украинската армија започна контраофанзива во областа Херсон, која беше окупирана од Русија во првите недели од инвазијата.

Синоќа проруските медиуми објавија видео на кое се гледа размена на оган во близина на две оклопни возила во близина на главната железничка станица во Херсон. Проруската администрација потоа објави дека руските сили ја уништиле групата напаѓачи.

„Имаше судир меѓу руската патрола и неидентификувана група луѓе во центарот на Херсон“, објавија проруските власти на Телеграм.

За пукањето утрово зборуваше и портпаролката на јужноукраинската воена команда Наталија Гумењук, која рече: „Вчерашната пукање и експлозија во Херсон се провокација на окупаторите“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Изборен удар за Илон Маск: Потрошил речиси…

Американските милијардери вложиле стотици милиони долари во…

Сали: Постепената интеграција треба да донесе конкретни…

Во рамки на работната посета на Берлин,…

(Видео) Германски војници забележани во Варшава, воени…

На социјалните мрежи се појавија информации и…

Тошковски: И возилата на МВР ќе бидат…

Во 2027 година возилата на Министерството за…

Проруски хакерски групи презедоа одговорност за нападите…

Проруските хакерски колективи „НоНејм057(16)“ и „Зет-Пентест“ презедоа…