Објавено на:

(Видео) Руски бомбардери четири часа патролираа над Белорусија

t

Два бомбардери со долг дострел Ту-22М3 на руските воздушно-космички сили извршија патрола во воздушниот простор на Белорусија, јавува телевизијата „Ѕвезда“.

За време на летот, авионските екипажи вежбаа решавање на заеднички задачи со воздухопловните и воздушните одбранбени сили на Вооружените сили на Белорусија.

Летот на „тупољевите“ траел околу четири часа. Сите поставени задачи се целосно реализирани. По патролирањето, бомбардерите со долг дострел се вратија во базата на територијата на Русија.

Редовно се реализира патролирање по границите на Сојузната држава Русија и Белорусија. Во Белорусија е отворен заеднички центар за обука на воздухопловни експерти. Центарот е дел од воената доктрина подготвена од министрите за одбрана на двете земји, чија цел е зајакнување на стратешкото партнерство.

Линк од видеото:

https://tvzvezda.ru/news/202225178-XIHOd.html/player/

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Украински напад врз една од најголемите руски…

Украина изврши напад врз рафинеријата за нафта…

Иран и Русија планираат изградба на гасовод…

Иран планира во соработка со Русија да…

Руски напади врз објект на „Нафтогас“ во…

Руските сили синоќа трипати нападнале објект на…

Трамп, Путин и Си Џинпинг на иста…

Кина потврди дека се водат разговори за…

Трамп: Русија и Украина за првпат се…

Американскиот претседател Доналд Трамп смета дека Русија…