(ВИДЕО) СДСМ: Мицкоски да го повика Касами да ја повлече одлуката за преименување на улиците во Тетово

t

СДСМ најави дека нивните советници ќе се спротистават на предлогот за преименување на улиците во Тетово по иницијатива на градоначалникот Касами. Во денешната реакција, тие изразуваат негодување и бараат власта да преземе мерки против идејата на нивниот коалициски партнер за промени на називот на инфраструктурните објекти во Тетово кои носат имиња од антифашистичкото минато.

„На вредностите од НОБ и антифашизмот почива современата македонска држава. Било какво бришење на најсветлите страници на македонската историја значат удар врз темелот на којшто почива државата. Значењето на партизанската борба и нејзините идеалите никој не смее да ја омаловажува, брише и пребришува“, вели Андријана Томовска, членка на Извршниот одбор на СДСМ.

Според СДСМ, националистичките сценарија на Касами се на штета на сите граѓани без разлика на етничка или партиска припадност и создаваат нови поделби, раздор меѓу граѓаните и етнички тензии.

„Како коалициски партнер на Касами, бараме Мицкоски јавно да го повика да се повлече од овој предлог, а советниците на ВМРО ДПМНЕ исто така да се спротивстават и да застанат против, со што оваа одлука нема да се донесе“, истакна Томовска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Фала на поддршката ама и вие и…

Српски студент како глас на српските стденти…

При контрола во угостителски објект во Тетово,…

На 23.10.2026, полициски службеници од Отсекот за…

Платформата „12.05“: Филипче го жртвуваше Радески во…

Раководството на СДСМ се повеќе наликува на…

ВМРО-ДПМНЕ: Реформаторите на СДС го тролаат „лидерот“…

СДСМ со Венко Филипче се бетонира како…

Слепите лица во Тетово без инфраструктура –…

Ова е сликата и светот низ кои…