(Видео) СДСМ основа Медицински факултет во Битола
Со усвоениот Закон предложен од пратениците на СДСМ основаме Медицински факултет во Битола, изјави денеска на прес-конференција пратеникчата Жаклина Лазаревска.
– Медицинскиот факултет ќе биде во состав на Универзитетот ,,Св. Климент Охридски” – Битола а ќе ги има отсеците за општа медицина, стоматологија, фармација и Висока медицинска школа.
Наставните бази на Факултетот ќе бидат Клиничката болница Битола, Специјалната болница за кардиолошки заболувања „Свети Стефан” Охрид, Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Свети Еразмо” Охрид , Специјалната болница за нефрологија Струга и болницата со проширена дејност во Прилеп.
Обезбедуваме висок степен на образование и обука за студенти кои ке станат идни лекари, со потребни знаења и вештини.
Со основањето на Медицинскиот факултет Битола ќе го утврди своето место како регионален образовен центар и ќе даде можност на средношколците од градот и околните населени места, да студираат во своето место. Значително ќе допринесе во создавањето на нов стручен кадар, подобрување на здравствениот систем и одржување на високи стандарди за образованието, етиката и праксата во областа на медицината.
Ова ќе влијае на зголемување на квалитетот на здравствени услуги преку обучени и компетентни лекари за подобрување на здравјето на населението.
Создаваме здравствен систем што не само што ќе ги обучува следните генерации на лекари туку и активно ќе придонесува кон напредокот и здравјето на општеството. Младите од Југозападниот дел на Македонија го заслужуваат тоа За иднината на младите многу е важно да продолжи европскиот пат на земјата до полноправно членство во ЕУ, вели Лазаревска.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Дали Филипче со хајката против „Алта банка“…
Разоткриен е вистинскиот мотив зад долгомесечната кампања…
„СДС и Филипче молчеа кога пропаѓаше Еуростандард…
ВМРО-ДПМНЕ ја обвини СДСМ за двојни стандарди…
ВМРО-ДПМНЕ: СДС мајстори за загрозување на банкарскиот…
СДС се познати по пропаѓањето на банки…
ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и Заев соработуваа со луѓе…
Венко Филипче и Зоран Заев, по нивниот…
(Видео) Пронајдени и извадени над 1700 гранати…
Над 1.700 гранати се пронајдени и извадени…