(Видео) Се судрија два противпожарни хеликоптери во Грција, се трага по пилотите!
Во текот на гаснењето на пожарот западно од Атина, според извештаите на грчката телевизија ЕРТ, се судриле два противпожарни хеликоптери и се урнале.
Пилотите на едниот хеликоптер преку радио се пријавиле во противпожарната служба. Сепак, судбината на екипажот на вториот хеликоптер засега останува нејасна. Во областа во близина на селото Псата е започната голема акција за пребарување и спасување, соопшти противпожарната служба.
Грчката телевизија ЕРТ објави видео на кое се гледа моментот на несреќата. Едниот хеликоптер со роторот го допира другиот. Набргу потоа, вториот хеликоптер експлодира и се урива во пламен.
Копилотот на хеликоптерот, кој не се урнал веднаш, бил повреден, објавија медиумите, повикувајќи се на извори од противпожарната служба.
Во меѓувреме, пожарот што беснее на околу 50 километри западно од Атина се проширил на само неколку километри од градот Мегара, кој има околу 36.000 жители.
Според првичните проценки, од петокот досега се уништени повеќе од 10.000 хектари шума, како и куќи, штали и земјоделско земјиште, објави грчката телевизија ЕРТ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Се судрија два противпожарни хеликоптери во…
Во текот на гаснењето на пожарот западно…
Познат адвокат во Атина до смрт претепан…
Во полн ек е истрагата за смртта…
ЦУК: Активни се четири пожари
Активни се четири од 14 регистрирани пожари…
Пожарите во Штип и кај Пробиштип се…
Чистење двор или спој на разлабавени електрични…
Опожарени две возила во скопски Аеродром
Во раните утрински часови во Скопје избувнал…