(Видео) СКАНДАЛ: Се степаа поранешен премиер и министер, интервенираше полицијата!
Полицијата спречи натамошна ескалација на конфликтот, бидејќи поранешниот премиер и министерот се скарале, а биле упатени и удари.
Сѐ се случило пред зградата на Владата, каде поранешниот премиер Игор Матович, од партијата Олано, ја прекина прес-конференцијата на Роберт Калиник. Расправиите меѓу двете партии траат со години.
Во 2021 година, Матович мораше да ја напушти премиерската позиција поради несогласувања во водечката коалиција. Тогаш власта ја презеде партијата на Калинак, чија коалиција исто така се распадна и беа распишани нови избори.
Поранешниот премиер го гледа Калиник за свој главен противник и го обвинува за корупција, пренесува The Star. Матович на конференцијата пристигна со автомобил на кој беше испишан слоганот „нема да те предадеме на мафијата“. Тој извика на мегафон и го обвини Калиник за лоша имиграциска политика за време на неговиот министерски мандат.
Калинак потоа се доближил до автомобилот околу кој се собрале неколку луѓе и тропнал на прозорецот на Матович, а потоа ја отворил вратата. Тој се обидел да му го грабне мегафонот, а Калиник се обидел да го оттурне. Ситуацијата ескалирала и друг член на партијата на Калинак го удрил Матович со тупаница по главата. Полицијата потоа интервенирала и спречила понатамошен конфликт и отворила истрага за инцидентот, пренесе словачката агенција ТАСР.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Чаши и флаши летале во велешки кафе-бар,…
Групна тепачка се случила вчеравечер во кафе-бар…
Силјановска: Нашиот пат кон ЕУ е многу…
Во рамките на официјалната посета на Република…
Пелегрини – Сиљановска: Западен Балкан не смее…
Словачка ја поддржува европската перспектива на Македонија…
Сиљановска-Давкова во официјална посета на Словачка
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, која престојува во официјална…
Инцидент во Шуто Оризари: Физички нападнал сограѓанин,…
Полицијата синоќа уапси 32-годишен жител на Скопје,…