(Видео) Славевски мјаука по навредите од ВЛЕН: Шотата е прекрасно оро – Во Скопје ќе се пее и “Рока мандоленен”

t

Претседателот на Советот на Град Скопје и поранешен министер, Трајко Славески се огласи со реакција по вчерашниот говор во Собранието на пратеникот Ријад Шаќири кој порача дека шота ќе се игра во Приштина, Тирана и Скопје се додека има барем еден Албанец.

Славески истакнува дека шота се играла и ќе се игра не само во Скопје, туку насекаде од Триглав до Гевгелија.

-Таа е дел од културното наследство на Балканот. Тоа прекрасно оро е дел од нашата заедничка традиција. Ова треба да го знае младиот пратеник Ријад Шаќири. “Шота” секогаш нѐ спојувала, а не нѐ разделувала и не треба да се користи за плашење. Тоа нема да помине! Во Скопје ќе се пее и “Рока мандоленен”. И не само во Скопје! А за молитвите надвор од верските објекти, постојат закони, пишани и непишани правила. Нашите сограѓани од исламска вероисповест треба да се среќни што Приштина и Тирана на Скопје не му се ниту до глуждот според бројот и достапноста на џамии и други исламски светилишта за вршење верски обреди, стои во објавата на „Х“ на Славески.

Во своето обраќање од собраниската говорница, Шаќири вчера порача и дека „ќе продолжат да се молат секаде што треба и каде што сакаат“, во контекст на критиките од опозициските партии против претседателот на Собранието, Африм Гаши за молитвите во Собрание.

Пратеник од ВЛЕН: Ќе се молиме каде сакаме, а шота ќе се игра во Тирана, Скопје и Приштина

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Сомнежи за бензинските пред новите цени: Имаат…

Граѓаните кои се сомневаат дека одредена бензинска…

Путин отворено за Вучиќ: Се надевам дека…

Рускиот претседател Владимир Путин изрази надеж дека…

(Видео) Вонредно: Непотврдени извештаи за обид за…

Непотврдени информации што се шират вечерва тврдат…

Тајни разговори меѓу новата сириска власт и…

Претставници на сириската влада и либански Хезболах…

Трамп го отфрли последниот предлог на Иран…

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека…