(Видео) Солун е наш! – Колона од 10 километри на Богородица
Километарски колони возила од утринава чекаат пред граничниот премин Богородица за влез во Грција.
На социјалните мрежи се споделуваат видеа и коментари дека колоната е долга и до десет километри и дека воопшто не се гледа границата.
„Добро утро Илинденци, убав провод“, пишува објавувачот на видеото на една од групите на Фејсбук.
По реакцијата на граѓани дека на Богородица се чека и по два часа, од МВР велат дека граничниот премин работи со полн капацитет.
– На ГП Богородица се работи со полн капацитет. Сите сообраќајни ленти наменети за контрола на патници се во функција, сѐ со цел непречено и брзо извршување на потребната контрола за излез од Северна Македонија. Во моментот времето на чекање не е подолго од 30 минути – велат од МВР.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Сејф сити“ во потрага по убиецот кај…
Истрагата за убиството на 38-годишниот маж кај…
Кривична за татко: Се обидел да го…
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе…
Три годишно дете од Гевгелија почина на…
На 21.11.2026 околу 13:40 часот во СВР…
Синот на Милорад Додик го доби мандатот…
Игор Додик, син на лидерот на Сојузот…
Мицкоски: Жителите на Пустец се лојални граѓани…
Премиерот Христијан Мицкоски денеска од граничниот премин…