(Видео) Сообраќајка на Скопската обиколница кај Смилковско езеро – Три лица повредени
Камион со бугарски регистарски ознаки и возило со косовска регистрација се меѓу учесниците во верижниот судар што се случи синоќа на скопската обиколница кај Смилковското езеро, во кој беа повредени три лица од кои едно се здобило со потешки повреди.
-На 22.01.2025 околу 20.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автопатот – обиколница на град Скопје, во близина на клучка Смилковци, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од К.С.(54) од с.Арачиново, Скопско, патничко возило „хјундаи“ со косовски национални ознаки, управувано од Б.Б.(54) од Косово, патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.Д.(27) од с.Радишани, Скопско, товарно возило „сканиа“ со приколка со бугарски национални ознаки, управувано од Д.Д.В.(55) од Бугарија и паркиран автобус „санос“ со скопски регистарски ознаки, наведуваат од МВР.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на „голфот“ К.С. од Арачиново, додека со телесни повреди се здобиле возачите Б.Б. од Косово и М.Д од Радишани, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ во Скопје.
Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје.
Порталот Скопје 1 објави снимка од сообраќајката на Скопската обиколница.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Жената не е личност на која ѝ…
Марија Митева, владината портпаролка и претседателка на…
Родителите на загинатите: Ако надлежните навреме постапеле…
Адвокатот Петре Шилегов повторно бара Јавното обвинителство…
(Видео) ИРАНСКАТА ДРЖАВНА ТЕЛЕВИЗИЈА ЕМИТУВАШЕ УПАТСТВА ЗА…
Иранската државна телевизија и медиумите во земјата…
Платите во Армијата и одбраната се зголемуваат…
Сакам да информирам за една преубава вест,…
Иран пак се заканува со напади врз…
Корпусот на гардата на Исламската револуција (КСИР)…