(Видео) Состојбата на Косово ескалира: Утринава две експлозии, нападнато полициско возило

t

Косовската полиција соопшти дека рано утрово се случиле две нови експлозии во близина на полициско возило во месноста Шарпеј, близу Јариње во северно Косово, на границата со Србија, јави дописникот на МИА од Приштина.

Во соопштението на полицијата се наведува дека возилото врз кое биле фрлени пиротехнички средства се наоѓало на статичен пункт поставен за спречување на прекуграничниот шверц во таа област.

-Од увидот на местото на настанот е забележано дека на стаклата на возилото останало парче хартија, за кое се претпоставува дека потекнува од пакувањето на пиротехничките средства. Настанот се случил на место во близина на територијата на Србија, така што постои основано сомневање дека средствата се фрлени од српска територија. Полицијата била во извидување на илегален премин кој е затворен од пред извесно време, а кој се користел за шверц на стоки, се вели во соопштението.

Во настанот нема повредени лица, ниту материјална штета. Полицијата спроведува истрага и порача дека „ќе ги продолжи оперативните активности за спречување на прекуграничниот криминал во таа област и за гарантирање на безбедноста на сите граѓани”.

Ова е петти напад врз полицијата на границата со Србија во последните четири дена.

Министерот за внатрешни работи на Косово, Џељаљ Свечља на вонредна прес-конференција вчера информира дека две возила на косовската полиција, кои превезувале полициски службеници на граничен премини во северно Косово, биле нападнати вчера наутро со рачна бомба и со калашников.

Свечља информира дека последните три дена во таа област се случиле четири напади врз косовската полиција, и тоа еден со поставување метални ланци со шилци на националниот пат кој води кон границата, вториот со фрлање камења кон полициско возило, а синоќа и утрово со огнено оружје.

Косовскиот премиер Албин Курти изјави дека, според информации добиени од владини извори, нападите се извршени од српска територија и го повика официјален Белград да ги осуди и да се дистанцира од нив.

Канцеларијата на Европската унија и амбасадата на САД во Косово ги осудија нападите врз косовската полиција, и повикаа „да се избегнат шпекулациите кои можат да доведат до натамошно подигање на тензиите” во државата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Тинејџер од Скопје сакаше да го укради…

Вчеравечер во 23.55 часот на улица „Јане…

Пожар во руска рафинерија

Неколку вагони со нафта се запалија во…

Се стега обрачот околу Мило: Обвинителството во…

Вишото државно обвинителство во Подгорица отвори предмет…

Украина ги повлекува тенковите Абрамс од борба:…

Украина ги повлече од борбата тенковите Абрамс…