(Видео) “Среќен антируски Божиќ”: Русите објавија празнична “честитка” до Европејците
„О боже. Руската државна телевизија има божиќна порака за Европејците“, напиша новинарот Френсис Стар на Твитер и го објави видеото со “божиќната честитка”.
Видеото прикажува три дочека на Божиќ во едно семејство во Европа. Вака Russia Today го прикажува Божиќ во семеен дом во Европа со многу светилки, светла кои светат на елката. Родители ѝ подаруваат на својата воодушевена ќерка хрчак за Божиќ. Потоа го прикажува Божиќ оваа година, во кој семејството е во полумрак, а таткото користи тркало од хрчакот за да ги напојува божиќните светилки.
Сепак, Russia Today ја замислува најмрачната иднина за Европа за Божиќ во 2023 година, кога таткото и ќерката седат на празничната маса во капи и капути, а мајката ќе послужи оброк кој, најблаго речено, не изгледа вкусно. Излегува дека таа го зготвила хрчакот за Божиќ, кој на нејзините ќерки им го подариле во 2021 година.
Среќен антируски Божиќ, велат тие…
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Европа во пламен! Еве каде сѐ…
Протести поради растот на трошоците за живот,…
Зеленски: Можна е средба меѓу Украина, САД…
Украина, Соединетите Американски Држави и Русија би…
Трамп ги замрзна санкциите кон Русија
Претседателот на САД, Доналд Трамп, го стопираше…
Украина нападна руска радарска станица вредна околу…
Украинските одбранбени сили синоќа нападнаа руска радарска…
Руските власти го уапсија главниот уредник на…
Уредникот на рускиот независен медиум „Новаја Газета“,…