(Видео) Стоилковски: Забрчанец да одговори дали на дневна основа бил во комуникација со Боки, дали му давал насоки и линкови што да објавува

t

Вчера Бојан Јовановски, сопственик на медиум, според Зоран Заев провладин медиум, директно го именува Марјан Забрчанец, пет години главниот човек на Заев за владината пропаганда, дека тој ги пишувал текстовите и испраќал содржина за вестите на 1ТВ, телевизија на Бојан Јовановски, со тоа што дневно испраќал, го цитирам писмото на Бојан Јовановски – „по 100 пати ми испраќал текстови и линкови кои мораа да бидат пласирани во етер“, истакна на денешната прес конференција, Наум Стоилковски портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој потсети дека Бојан Јовановски беше сопственик на телевизија на чие што крунисување присуствуваше цела влада, обвинителство, судство, со еден збор – цело СДСМ.

– И Јовановски вчера директно посочи дека всушност, содржината на вестите во таа телевизија биле пишувани и уредувани од Владата. Уште повеќе, Бојан Јовановски во отвореното писмо до Зоран Заев наведува за, цитирам – „оние што ги плаќате да ви веруваат и да ве бранат“, како и за повторно ќе цитирам – „платена пропаганда од твои новинари кои ги раководи Марјан Забрчанец“. Ова е сериозно обвинување, имајќи предвид за видот, за содржината, за темите и за учесниците во емисиите, но и за уредничкиот состав на таа телевизија, во која што секојдневно гостуваа највисокиот државно политички врв, членови на СДСМ. Лицето Марјан Забрчанец се уште работи во Владата, се уште зема плата од Буџетот кој што го полниме сите ние граѓаните во Македонија и се уште е главен за владината пропаганда. Оттука, Марјан Забрчанец е должен да одговори: Дали Марјан Забрчанец на дневна основа комуницирал со Бојан Јовановски, додека овој беше сопственик на 1ТВ? Дали Марјан Забрчанец му испраќал текстови и линкови по сто пати како што вели Бојан Јовановски тие да бидат објавени како содржини на телевизија? Дали Марјан Забрчанец го раководел Јовановски како што тој сам вели и со тоа ја раководел и 1ТВ? Дали Марјан Забрчанец има листа со новинари коишто ги раководи онака како што пишува Бојан Јовановски, појасни Стоилковски.

Портпаролот посочи дека ова е сериозно обвинување од сопственик на медиум за чија што близина со членови и врвот на СДСМ, членови од државниот, правосудниот и политичкиот врв е неспорна за било кого во државата.

– Забрчанец, лице од владините служби, е должен да одговори, прво како владин службеник, а потоа и заради кредибилитетот на медиумскиот простор во којшто и денеска свое место имаат новинарите од уредничкиот колегиум на некогашната 1ТВ. Евентуалниот молк на Марјан Забрчанец на овие прашања ќе го отворат и прашањето за политичко судско обвинителскиот притисок врз новинари и медиуми водени од луѓе коишто не се дел од оние, ќе се послужам со зборовите на Бојан Јовановски, цитирам „оние што ги плаќате да ви веруваат и да ве бранат“, како и, повторно цитирам „твои новинари кои што ги раководи Марјан Забрчанец“. Марјан Забрчанец не смее да молчи по ваква прозивка од сопственик на според Зоран Заев провладина телевизија, додава Стоилковски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пендаровски: Целосен ветинг на судии и обвинители,…

На вториот ден од победничкиот караван, кандидатот…

СДСМ: Со ДПМНЕ безбедносната состојба во земјата…

Се влошува безбедносната состојба во Македонија. Само…

Македонките се мажат најмлади во регионот, на…

Жените во Македонија најмлади стапуваат во брак…

СДСМ ветува плус 200 евра за секое…

СДСМ во неделата ја претстави својата партиска…

ГРОМ: Партиите ја дерогираа функцијата претседател на…

Политувани,во прилог ви го испраќаме соопштението за…