(Видео) Страшен пожар во Малезија: Уништени околу 1.000 домови, илјадници луѓе раселени
Илјадници луѓе останаа без покрив над главата откако голем пожар зафати крајбрежно село во малезиската сојузна држава Сабах, на островот Борнео, и уништи околу 1.000 куќи, соопшти противпожарната служба.
Властите биле известени за пожарот околу 1:32 часот по локално време во округот Сандакан, изјави командантот на противпожарно-спасувачката служба Џими Лагунг.
„Поради силниот ветер и близината на куќите, пожарот брзо се прошири, а осеката дополнително го отежна пристапот до вода за гаснење“, рече Лагунг.
Пожарот избувнал во населба со куќи на столбови, во која живеат некои од најсиромашните заедници во земјата, вклучително лица без државјанство и припадници на автохтони народи, пренесува Ројтерс.
Според податоците на полицијата во Сандакан, пожарот погодил повеќе од 9.000 луѓе, но, за среќа, нема жртви, наведува државната новинска агенција Бернама.
Малезискиот премиер Анвар Ибрахим изјави дека федералната влада соработува со властите на Сабах за да обезбеди итна помош и привремено сместување за загрозените.
„Приоритет е безбедноста на луѓето и обезбедување итна помош на терен“, порача во објава на Фејсбук.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ЦУК: Активни се четири пожари
Активни се четири од 14 регистрирани пожари…
Пожарите во Штип и кај Пробиштип се…
Чистење двор или спој на разлабавени електрични…
Опожарени две возила во скопски Аеродром
Во раните утрински часови во Скопје избувнал…
(Видео) Гори амбасадата на Пакистан во Белград
Пожар избувна утрово во зградата на амбасадата…
Мачки активирале рингли во Баварија и предизвикале…
Две мачки предизвикале голем пожар во стан…