Објавено на:

(Видео) Страшни снимки од Иран: Напад со беспилотни летала, експлозии, земјотрес, има загинати и повредени луѓе

t

Израел вчера доцна вечерта го нападна Иран со беспилотни летала како осговор на низата терористички нападин низ Ерусалим, ета беа фабриките на наменската индустрија. Во исто време, земјотрес со јачина од 5,9 степени според Рихтеровата скала го погоди градот Хојна во северозападниот дел на Иран.

Одреден број региони во Иран се без струја, објавија локалните медиуми.

Советот за национална безбедност на Иран свика итен состанок. Во воздух биле кренати неколку борбени авиони на иранските воздухопловни сили.

Експлозии се слушнале во:

▪️Исфахан, провинција Исфахан
▪️ Хој, провинција Западен Азербејџан
▪️ Азаршахр, провинција Источен Азербејџан
▪️Табриз, провинција Источен Азербејџан
▪️ Карај, провинција Алборз
▪️Хамадан, провинција Хамадан

Ноќта на 29 јануари во индустрискиот град Шахид Салими во градот Азаршахр се запали нафтената рафинерија Хорву.

Индустрискиот град Шахид Салими е најголемиот индустриски центар во северозападниот дел на Иран, во провинцијата Источен Азербејџан.

Силен земјотрес со јачина од 5,9 степени според Рихтеровата скала го погоди пограничниот регион на Турција и Иран, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар. Најмалку две лица загинаа, а повеќе од 100 луѓе се повредени, јавуваат иранските медиуми.
Напад со дрон се случи во 23:30 часот, а силна експлозија одекна на улицата Имам Хомеини во Исфахан, град во централен Иран, 440 километри јужно од Техеран.

Иранското Министерство за одбрана соопшти дека беспилотни летала нападнале објект за производство на муниција. Според министерството, во нападот учествувале три беспилотни летала, еден бил уништен во воздух, а два биле соборени и паднале на земја, предизвикувајќи експлозија.

Нема жртви, а причинета е помала материјална штета на покривот на зградата, соопшти иранското Министерство за одбрана.

Речиси истовремено со нападот со беспилотни летала во Исфахан, во индустриската зона Шахид Салими во градот Азаршахр на северозападот на Иран дојде до голем пожар во кој изгоре рафинерија.

Во пожарот експлодирале неколку цистерни со нафта, јави иранската новинска агенција Тасним, но засега нема жртви.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Иран ќе продолжи мирно да ја развива…

Иран ќе продолжи да го користи своето…

Се создава „чудовиште“? Русија и Иран ќе…

Москва и Техеран ќе потпишат голем меѓудржавен…

(Видео) Над 100 луѓе загинаа во двата…

Европската унија побара сторителите на двeте експлозии…

Саудиска Арабија официјално стана членка на БРИКС

Саудиската телевизија Екбарија објави дека кралството официјално…

Путин: Русија и Иран „градат моментум“ во…

Двете нации соработуваат на различни полиња, од…