(Видео) Страшни снимки од сателит во Газа-срамнети цели квартови, остана само пепел
Израелската војска изврши серија воздушни напади врз цели во Појасот Газа, наводно поврзани со Хамас, како одмазда за крвавиот напад врз Израел. Според последните информации, во Газа досега се убиени 900 луѓе.
Imagery released yesterday from @Maxar shows impact of Israeli strikes in Gaza.
Locations of damage seen in imagery:
#1 – 31.558, 34.470 h/t @ajquery
#2 – 31.514, 34.446 h/t @ghost_watcher1
#3 – 31.533, 34.443 h/t @ChrisOsieck
#4 – 31.514, 34.452 h/t @ChrisOsieck pic.twitter.com/6UobBECO4d— Benjamin Strick (@BenDoBrown) October 11, 2023
ОН велат дека има „јасни докази“ дека се извршени воени злосторства и во Газа и во Израел. „Израел има право да се брани од нападите на Хамас, но тоа мора да го направи во согласност со меѓународното право“, изјави во вторникот шефот за надворешна политика на Европската унија, Жозеп Борел.
„Колективното казнување на сите Палестинци е неправедно и непродуктивно. Тоа е против нашите интереси и интересите на мирот“, рече Борел по неформалниот состанок на министрите за надворешни работи на ЕУ во Мускат, Оман. „Не се сите Палестинци терористи. Израелските напади предизвикаа значителна штета на десетици станбени згради, канцеларии на телекомуникациски компании и згради на факултетите на Исламскиот универзитет во Газа“, пишува Гардијан.
His entire family was k!lled during an Israeli air force bombing. In #Gaza#Israel #IsraelPalestineWar #HamasMassacre #PalestineUnderAttack #GazaUnderAttack #HamasTerrorism #Hamas #GazaUnderAttack #HamasTerrorists #Palestine #OperationIronSword
— عساف (@Sa91af) October 10, 2023
Застрашувачки експлозии ја потресоа областа во понеделникот вечерта. Децата врескаа и никој не можеше да спие. Тоа беше ноќ што жителите на Римал, најбогатата и обично најтивката населба во градот Газа, наскоро нема да ја заборават. Како што се раздени во вторникот, интензитетот на нападот се намали и луѓето го открија обемот на уништувањето. Инфраструктурата на округот е сериозно оштетена, а поголемиот дел од патиштата што водат до него се отсечени.
Изгледаше како да има земјотрес. Насекаде имаше урнатини, скршено стакло и соборени жици. Уништувањето беше толку големо што некои згради беа непрепознатливи. Во меѓувреме пристигнаа сателитски снимки на Максар кои го покажуваат уништувањето што го претрпе Појасот Газа по израелската одмазда.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Градското собрание на Лос Анџелес ќе биде…
Градското Собрание на Лос Анџелес во американската…
Лишени од слобода двајца кумановци: Возеле под…
Лишени од слобода двајца возачи во Куманово…
Нетанјаху: На пат сме да ги уништиме…
Израел е на пат кон остварување на…
Ова се најбогатите држави во светот, а…
БДП по глава на жител е груба…
Жена од Липково ја удрило струја додека…
Жена од Липково ја удрило струја додека…