(ВИДЕО) СТРАШНИ 50-МЕТАРСКИ ПЛАМЕНИ ЈАЗИЦИ: Експлодираше гасоводот Литванија-Летонија!

t

Гасоводот што ја поврзува Литванија со Летонија експлодирал во областа Пасвалски во Литванија, а според првичните информации нема повредени, јави порталот ЛРТ, повикувајќи се на полицијата.

Во 16 часот и 57 минути, окружната полиција на Паневезис пријавила експлозија на гасовод во улицата Јонишкеле во селото Виенкиемиу. Според прелиминарните податоци, нема жртви, се наведува во соопштението, пренесоа руски медиуми.

Се прецизира дека отворениот пламен достигнува 50 метри во висина.

Гинтаутас Гегузинскас, градоначалник на регионот Пасвали, потврди за радио ЛРТ дека гасовод под висок притисок експлодирал во близина на автопатот Пасвалис-Саулиај.

„Нема станбени згради во близина, но никој не знае до каде ќе биде неопходно да се евакуираат жителите“, рече Гегузинскас.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонија преку Летонија до прва победа на…

Македонската младинска ракометна репрезентација ја запиша првата…

Сиљановска-Давкова се сретна со министерот за надворешни…

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска го прими министерот…

Литванија: Нема знаци дека Русија подготвува напад…

Литванија не гледа знаци дека Русија подготвува…

Прогласена воздушна опасност во Литванија, армијата апелира…

Литванија денеска го запре сообраќајот на аеродромот…

Македонија ќе отвори амбасада во Литванија

На предлог на Министерството за надворешни работи…