Објавено на:

(Видео) Тензично во кочанско Тркање: Граѓаните протестираат, градоначалникот ги искара дека не разговарале институционално

t

Тензично во кочанско Тркање денеска на најавениот претсот во врска со уништениот пат. Жителите револтирани бидејќи нивниот пат е уништен, не можат да минуваат, а секојдневно се соочуваат со бучава и преголема прашина. Бараат под итно да се асфалтира нивната улица, но и да се забрани движење на тешки товарни возила кои според нив го унишуваат патот.

„Куќите ни се тресат. Оваа улица се руинираше премногу, особено оваа година. Бараме санирање на оваа улица, ново асфалтирање. Бараме да постават сообраќајни знаци, кои ќе покажат какви возила можат да поминуваат тука“ – велат жителите.

На протестот беше и директорот на приватната фирма која се наоѓа во непосредна близина на селото, и чии автобуси го користат овој пат. Во неформален разговор со жителите тој побара да се најде заедничко решение, за да реши проблемот.

„Мојата идеја беше патот да се санира како што треба, додека да се направи кракот да се користи. Тоа е обврска на градоначалникот и треба да каже до кога ќе се направи.“ – велат жителите.

Ситуацијата доби кулминација кога дојде и в.д. градоначалникот на Општина Кочани, Венко Крстевски.

ЛИНК од видеото

М-НЕТ

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Работна средба во Општина Делчево за проектирањето…

Во просториите на Општина Делчево се одржа…

Родителите на загинатите: Ако надлежните навреме постапеле…

Адвокатот Петре Шилегов повторно бара Јавното обвинителство…

Израелски хирурзи повторно дојдоа во Македонија за…

Израелските хирурзи од Шеба повторно во Македонија…

Голем пожар во автобуска компанија во Кочани

Голем пожар утрово ја зафати автобуската компанија…

„50 пати на улица и во судница,…

Во Кочани денеска се одржа 50-тиот „Марш…