(Видео) “Тигрите” во акција: Со хеликоптер спасиле изнемоштено лице од Галичник

t

По упатен повик до Центарот за управување со кризи беше побарана помош од Министерството за внатрешни работи за евакуација на болно изнемоштено лице, жител на село Галичник, општина Маврово-Ростуше.

Од страна на Специјалната антитерористичка единица „Тигар“, во содејство со Хеликоптерската единица на МВР, веднаш беше одговорено на поставената задача и за кусо време се завршија подготовките за оваа спасувачка мисија.

Припадниците на специјализираниот алпинистички тим на САЕ Тигар заедно со колегите од Хеликоптерската единица денеска (09.02.2022) во периодот од 07.00 до 10.00 часот извлекоа жител на село Галичник, а поради снежните навеви на патиштата кон селото, тимот на САЕ„Тигар“ беше принуден да се спушти на локацијата во Галичник, користејќи специјална опрема за спуштање и кревање од хеликоптер.

Од страна на полициските службеници лицето беше подготвено за транспорт, ставено во хеликоптер и транспортирано до ГОБ „8 Септември“ во Скопје, каде беше предадено за укажување на медицинска помош.

За потсетување, Специјалната антитерористичка единица „Тигар“ при МВР е наменета за извршување на специјални полициски и антитерористички задачи. Покрај основната намена, специјализираните тимови на единицата се користат и за извршување на спасувачки мисии при сложени услови на тешко пристапен терен.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Странските државјани можат онлајн да ги плаќаат…

Странските државјани кои со возила со странски…

Кривична пријава: Незаконски продавале отпад од ,,Тутунски…

Од МВР информираат дека се поднесени кривични…

МВР: Граѓаните да не отвораат лажни пораки,…

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста…

Повеќе лица меѓу кои и две жени…

Повеќе лица попладнево се повикани на разговор…

МВР: Граѓаните да не отвораат лажни пораки,…

Министерството за внатрешни работи денеска упати апел…