(Видео) Трендафилов бара одземање на имунитетот на Дафина: Монструми ми ги следат децата!
На денешната прес-конференција претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, најави дека утре ССМ ќе ги блокира работодавачите, исто како што вчера беше блокирано и Собранието.
Трендафилов бара кривичен прогон за лицата кои ги следеле неговите деца, како и одземање на пратеничкиот имунитет на Дафина Стојановска, која го објави видеото од децата на претседателот на ССМ.
Трендафилов нагласи дека во нормална држава Владата паѓа за ваков случај, дополнително побара од Јавното обвинителство да се покаже дека правдата важи за сите. Претседателот на ССМ го праша министерот Тошковски дали службите го следат него и неговите деца.
Според Трендафилов ова трае повеќе од година.
Погледнете ја изјавата во продолжение:
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
МВР и ЈО наскоро ќе излезат со…
Министерството за внатрешни работи постапува во насока…
Прострелна рана во ногата имал скопјанецот кој…
Прострелна повреда во пределот на ногата била…
70.827 денари e минималната синдикална кошничка за…
Вредноста на синдикалната минимална кошница за ноември…
МВР со важен апел до родителите: Препознајте…
Министерството за внатрешни работи упатува апел до…
Голема акција на МВР во Макстил!
Екипи на МВР по наредба за Основното…