Објавено на:

(Видео) Украина опколена од сите страни: Руски трупи има и во Транснистрија

t

Во Оперативната група на руските сили во Придњестровје е одржана „планирана“ вежба, при што се руската војска реагираше на замислени терористи, соопшти Рускиот западен воен округ.

Во превод ова значи дека Украина е буквално опколена од сите страни со руски трупи на исток од централната руска територија, на Север од Белорусија, на Запад од Трансинистрија и на Југ од руската војска која е страционирана во Крим.

Приднестровие, позната и како Транснистрија, Трансднестар, Трансднестрија или Трансднестарска Република (целосно име: Приднестарска Молдавска Република) е автономна покраина во составот на Молдавија, де факто независна територија од Молдавија од 2 септември 1990 година, која се наоѓа на левата страна од реката Днестар.

Опфаќа површина од 4.163 км2, но поради географската положба, со реката Днестар има граница долга 816 км, па поради тоа личи на остров долг 400, а широк 10 км. Вкупното население е 642.000, претежно од словенско, романско и туркиско потекло (30% Руси, 29% Украинци, 34% Молдавци, остатокот го сочинуваат Гагаузи, Бугари и Полјаци).

Со административно-територијалната поделба на Молдавија, територијата на Приднестровската Молдавска Република во уставот на Молдавија се јавува како Автономна територија формирана со посебен статус на Приднестровие во составот на Молдавија, која фактички територијата на Приднестровие не ја контролира (со исклучок од неколку села). Должината на границите на Приднестровската Молдавска Република е 816 км: од нив 411 км — со територија, контролирана од властите на Молдавија, 405 км — со Украина Приднестровие нема излез на море.

Приднестровие е уредена како претседателска република и има свој устав. Според уставот службени јазици се молдавскиот (кирилица), рускиот и украинскиот. Главен град на републиката е Тираспол кој има 159.000 жители. Други поголеми градови се Дубасари и Бендери.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Документи+Видео) Ова се доказите за соработката помеѓу…

Maкедонската јавнос е во шок по деталите…

Добри вести од соседството, пронајдена e Сара!…

Пронајдена е Сара П.(17) од Борча која…

Koнечно искрен политичар: Не верувајте на сѐ…

Не верувајте во сѐ што ви кажуваме.…

Не за џабе ја нарекуваат Белата Палата:…

Истакнат член на партијата и близок човек…

(Видео) ПЕРО АНТИЌ „МУ ГО ЧУВА ГРБОТ“…

Поранешниот прославен македонски кошаркар и актуелен претседател…