Објавено на:

(Видео) Утринава повторно гореше Азовстал: „Направете нешто да прекине овој пекол!“

t

Со недели борците на полкот Азов ја бранат челичарницата во Мариупол. Во меѓувреме се евакуирани бројни цивили, но за борците има мала надеж. Нивните најблиски се очајни.

Една кратка порака дневно, тоа е сѐ што Катерина Прокопенко добива од својот сопруг овие недели. Најчесто со иста содржина: „Се држиме.“ Мажот на Катерина е Денис Прокопенко, командант на полкот Азов. Со недели неговата единица, заедно со другари од Националната гарда, од морнарицата и неколку полицајци се опколени во челичарницата Азовстал во Мариупол.

Нејзиниот маж се променил, вели таа. Пред неколку недели уште звучел позитивно. „Ми пишуваше, не треба да се грижам, сѐ ќе биде добро.“ Но, од пред неколку дена тој испраќа други пораки. „Единствената надеж која ја имаме сте вие. Ве молам, направете нешто за да заврши овој пекол“.

Утринава Азовстал наликуваше на вистински пекол поради руските бомби кои ги разбудија борците на нацистичкиот батаљон Азов, рано изутрина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Ковачевски го призна поразот: „Ова е…

Лидерот на СДСМ, на прес-конференција го призна…

Левица: Имаше нерегуларности, бугарски воз, притисоци од…

Партијата Левица вечерва по затворањето на гласачите…

ДО ОВОЈ МОМЕНТ: ВМРО-ДПМНЕ со 58 пратеници…

Според првичните пребројани резултати во македонското собрание…

Пендаровски: Уште пред Нова година знаев дека…

Уште пред Нова година знаев дека коалицијата…

Пендаровски: Мојата идеја за европска Македонија не…

Резултатите се јасни. Сакам соогласно резултатите кои…