(Видео) Ферари, Ламборџини, Бентли: Асад остави колекција луксузни автомобили во Сирија
Сирискиот претседател Башар ал Асад остави колекција луксузни автомобили во својата резиденција откако избега во Русија поради офанзивата на џихадистите.
Возилата биле складирани во гаража во близина на претседателската резиденција во Дамаск, која била ограбена откако џихадистите влегле во Дамаск. Според извештаите, колекцијата на Асад вклучувала повеќе од 40 луксузни автомобили.
Меѓу автомобилите е црвено „ферари“ Ф50, кое вреди повеќе од три милиони долари, потоа „ламборџини“, „ролс ројс“ и „бентли“, а најмалку едно од возилата е со таблички од Дамаск.
Да потсетиме дека, соочен со брзата офанзива на џихадистите кои имаа поддршка од САД, Турција и Израел, Асад и неговото семејство побегнаа во Москва, каде што добија политички азил, потврди официјален извор во Русија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Сирија го осуди братучедот на Башар ал-Асад…
Сириски суд го осуди Васим ал-Асад, братучед…
Гутереш повика на укинување на сите санкции…
Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш,…
Гутереш повика на глобална поддршка за Сирија…
Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш,…
Трамп одлучи да го поништи статусот на…
Претседателот на САД, Доналд Трамп, синоќа го…
Макрон во посета на Сирија, ќе се…
Францускиот претседател Емануел Макрон пристигна во Сирија…