(Видео) ФК Шкупи слави со албанско знаме, Ковачевски бил присутен и не реагирал?

t

Поранешната атлетска репрезентативка на Македонија, Весна Кираџиева, на Твитер објави видео од славењето на ФК Шкупи, за шампионската титула на Македонија.

На видеото може да се види како се вее албанското знаме на теренот, за што реагира и атлетичарката.

“Вака се слави титула шампион на МАКЕДОНИЈА во фудбал, со гордо развиорено знаме – на соседна Албанија. Според кој Закон за знамиња е ова?

Затоа што нема строги казни и исклучување од федерациите, ова однесување на непочит кон Македонија само се охрабрува и се гази македонизмот.” – пишува во твитот.

Претходно ТВ 21 објави фотографија од премиерот Димитар Ковачевски кој заедно со Ахмети, Груби и уште неколкумина политичари од албанскиот блок присуствуваат на славењето на ФК ШКУПИ.

Се поставува прашањето дали Димитар Ковачевски бил присутенза време на веењето на туѓо знаме на македонска територија и дали на било каков начин реагирал на такиот чин?

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Навивачи на Силекс извикувале навредливи слогани на…

Шестмина навивачи на фудбалскиот клуб Силекс ќе…

ФФМ доживотно го суспендираше младиот фудбалер на…

Врз основа на собраните изјави, службени извештаи…

СКАНДАЛОЗНО: Масовна тепачка предизвикана од членовите на…

Кошаркарите на Вардар ја запишаа својата прва…

Ковачевски: Техничката влада е дефинирана со закон,…

 Техничката влада е дефинирана согласно закон и…

СДСМ ЌЕ ИМА СВОЈ ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ КАНДИДАТ Ковачевски…

Ковачевски изјави дека на вечерашната седница на…