(Видео) Фон дер Лајен контра дел од соседите: Македонски јазик и култура постојат и тие ќе ја збогатат Европа!
Македонски јазик и култура постојат и тие ќе ја збогатат Европа, епораката од денешната заедничка прес-конференција на премиерот Мицкоски и Претседателката на Европската комисија, Урсула Фон дер Лајен.
„Вие бевте првата земја во регионот која го потпиша Партнерството за одбрана и безбедност со ЕУ и ги искористи инструментите за одбрана и безбедност и сте дел од коалицијата на подготвените бидејќи кога европска нација и пријател беше нападната, Северна Македонија се исправи и вие помагате на нашата Унија и ние сме мошне благодарни за тоа. Драг Христијан, ова е Северна Македонија која ние ја знаеме, земја која стои на зборот, земја која припаѓа на масата во ЕУ и мојата порака е ова: „Јасно, Вие ни припаѓате нам, со многу труд, со посветеност пристапните преговори започнаа во 2022 година, скрининг процесот беше завршен за помалку од една година и сега има само еден клучен чекор којшто треба да го направите за да можете да се придвижите напред и да го отворите првиот кластер „основи“. Знам колку е ова чувствително, но сакам да бидам и јасна, околу она за што се залага Европа. Ние ќе ѝ посакаме добредојде на Северна Македонија со нејзиниот идентите и нејзиниот јазик, веруваме дека македонската култура и македонскиот јазик може да ја направат нашата Унија побогата затоа што нашето мото е „различност и обединетост“ и ние сме мошне сериозни по тоа прашање.“ – истакна Фон дер Лајен.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Бесплатен интернет на 72 локации во 64…
Вкупно 72 локации во 64 општини низ…
ЕУ ќе воспостави присуство на својата воена…
Советот на Европската Унија одлучи да воспостави…
Палмер: Македонија направи сè што Европската унија…
Македонија направила сè што Европската унија побарала…
ЕУ ги почна преговорите за бесплатен роаминг…
Европската комисија ги започна преговорите со Србија,…
Урсула фон дер Лајен следната недела во…
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер…