(Видео) Хамас го засени Зеленски – Кирби: Ќе ја помагаме Украина колку можеме, но тоа нема да трае вечно!
Денеска, 11 октомври, Соединетите Држави објавија доделување на пакет воена помош од 200 милиони долари за Украина.
Тој треба да ги зајакне системите за противвоздушна одбрана. Ова го соопшти американското Министерство за одбрана.
Пакетот за помош вклучува:
- Ракети за воздушна одбрана АИМ-9М;
- опрема за борба против системи на беспилотни авиони (c-UAS);
- дополнителна муниција за ракетни и артилериски системи со висока подвижност (HIMARS);
- дополнителни артилериски гранати од калибар 155 mm и 105 mm;
- високопрецизна авијациска муниција;
- средства за електронско војување;
- проектили TOW ATGM;
- противтенковски АТ-4;
- мало оружје и повеќе од 16 милиони патрони за мало оружје;
- експлозивна муниција за совладување на препреки;
- резервни делови, муниција за обука, одржување и друга теренска опрема.
Портпаролот на Пентагон, Џон Кирби, на прес-конференција по повод доделувањето на оваа помош, истакна дека САД ќе ја помагаат Украина колку што можат, но тоа нема да трае вешто.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Украина нападна руска радарска станица вредна околу…
Украинските одбранбени сили синоќа нападнаа руска радарска…
Израел се подготвува за нови напади: Мобилни…
Израелските власти започнале со распоредување мобилни засолништа…
Калас: Украинските напади врз руските рафинерии се…
Високата претставничка на Европската Унија за надворешна…
Зеленски: Украина ќе ги засили нападите врз…
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски денеска најави…
Русија ги повика странците и дипломатите да…
Русија денес објави дека ќе продолжи да…