(Видео) Хаос во бегалски камп во Атина: Полицијата мораше да употреби солзавец
Судири за време на полициското иселување на бегалците од кампот во Атина.
Судирите избија во четвртокот кога грчката полиција започна операција за иселување во еден од последните бегалски кампови, Елеонас, на периферијата на Атина.
Според извештаите на медиумите, за време на обидот да се евакуира кампот, во кој имало околу 670 луѓе, полицијата ги отстранила барикадите поставени на влезовите во Елеонас и употребила солзавец кога корисниците на кампот се судриле со полицајците.
На видеото се гледа како полицијата се движи во бегалскиот камп, а неколку луѓе трчаат и влегуваат во автобусот.
Како што соопшти грчкото Министерство за миграција, планирано е Елеонас, кој беше првиот бегалски камп отворен во континентална Грција во август 2015 година, да биде целосно испразнет до крајот на годината поради модернизацијата на просторот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Се судрија два противпожарни хеликоптери во…
Во текот на гаснењето на пожарот западно…
Познат адвокат во Атина до смрт претепан…
Во полн ек е истрагата за смртта…
Пукање во центарот на Атина: Четворица повредени,…
Грчката полиција започна потера по 89-годишен осомничен…
Атина воведува ограничување на туризмот: Има 700…
Атина не може да функционира како огромен…
„Сејф сити“ и во Атина, за два…
Во Атина почна да функционира новиот систем…