Објавено на:

(Видео) Хрват уапсен во Панама за убиство кое го извршил пред 28 години

t

На аеродромот во Панама е уапсен хрватски државјанин (74), по кого од Хрватска била распишана потерница од Интерпол за поттикнување убиство во 1995 година. Мажот, чие име не е објавено, е приведен на аеродромот во Токумен, град во централна Панама, соопшти тамошната полиција.

– Националната полиција уапси на аеродромот во Токумен странски државјанин кој властите во Хрватска го бараат за убиство – објави вчера панамската полиција на Твитер. Токму таму таа објави видео на кое се гледаат двајца локални полицајци на Интерпол како водат маж, чие лице беше заматено, во автомобил пред аеродромот.

Хрватската полиција во саботата за Хина одговорила дека станува збор за човек осуден во Хрватска на 15 години затвор, кој не е достапен за хрватското правосудство.

– Можеме да потврдиме дека во Панама е уапсен хрватски државјанин (роден 1949 г.) врз основа на потерница на хрватски Интерпол издадена заради издржување затворска казна од 15 години, изречена со пресуда на Жупанискиот суд во Риека за сторено кривичното дело убиство во 1995 година – соопшти хрватската полиција.

Телеграма неофицијално дознава дека се работи за Марио Печавер и дека случајот за кој се барал е убиството на Љубомир Новак, богат претприемач и повратник од Шведска кој живеел во Цриквеница. Нови лист претходно пишуваше дека Печавер и неговата ќерка Ана се осудени за поттикнување на убиството.

Тие побегнаа во странство години пред да почне судењето, па им се судеше во отсуство. Освен нив, осудени се уште три лица.

ЛИНК од видеото

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Се огласи Албанецот осомничен за убиството на…

Артан Хајризи негираше дека е вмешан во…

Погребан матичниот лекар Ацо Трпковски, нема осомничени…

67 годишниот Ацо Трпковски – матичен лекар…

УБИЕНОТО ДЕТЕ ВО ПРИЛЕП ИМА САМО 14…

Момче на 14 годишна возраст синоќа околу…

Ѓоковиќ со прва победа на Австралија опен,…

Новак Ѓоковиќ се пласираше во второто коло…

Српската полиција на нозе, се контролираат сите…

Веста за бруталното убиство на Вања не…