Објавено на:

Панама: Нема да има преговори со САД за каналот

t

Претседателот на Панама, Хозе Раул Мулино, денеска ја отфрли можноста за преговори со САД за Панамскиот канал додека се подготвува да му гостува на државниот секретар на Доналд Трамп, Марко Рубио, објави АП.

Мулино рече дека отворањето преговори за сопственост на каналот „е невозможно“.
„Не можам да преговарам, а уште помалку да отворам процес на преговори за каналот. Тоа (прашањето) е запечатено. Каналот е на Панама“, рече тој на својата неделна прес-конференција.

Панама, долгогодишен пријател на САД, се пожали во ОН поради заканата на Трамп.

Сепак, Мулино рече дека има заеднички прашања како што се миграцијата и борбата против организираниот криминал и трговијата со дрога за кои со задоволство би разговарал со Рубио кога ќе ги посети во наредните денови.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

САД се подготвуваат за распоредување меѓународни сили…

Американските воени подготовки се во тек во…

Ердоган разговараше со Трамп: Турција ќе продолжи…

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во телефонски…

Блумберг: САД и Иран се приближуваат до…

САД и Иран се приближуваат до можен…

Трамп, Путин и Си Џинпинг на иста…

Кина потврди дека се водат разговори за…

Маж уапсен со оружје во близина на…

Американската Тајна служба уапси маж во близина…