Објавено на:

(Видео) Хрват уапсен во Панама за убиство кое го извршил пред 28 години

t

На аеродромот во Панама е уапсен хрватски државјанин (74), по кого од Хрватска била распишана потерница од Интерпол за поттикнување убиство во 1995 година. Мажот, чие име не е објавено, е приведен на аеродромот во Токумен, град во централна Панама, соопшти тамошната полиција.

– Националната полиција уапси на аеродромот во Токумен странски државјанин кој властите во Хрватска го бараат за убиство – објави вчера панамската полиција на Твитер. Токму таму таа објави видео на кое се гледаат двајца локални полицајци на Интерпол како водат маж, чие лице беше заматено, во автомобил пред аеродромот.

Хрватската полиција во саботата за Хина одговорила дека станува збор за човек осуден во Хрватска на 15 години затвор, кој не е достапен за хрватското правосудство.

– Можеме да потврдиме дека во Панама е уапсен хрватски државјанин (роден 1949 г.) врз основа на потерница на хрватски Интерпол издадена заради издржување затворска казна од 15 години, изречена со пресуда на Жупанискиот суд во Риека за сторено кривичното дело убиство во 1995 година – соопшти хрватската полиција.

Телеграма неофицијално дознава дека се работи за Марио Печавер и дека случајот за кој се барал е убиството на Љубомир Новак, богат претприемач и повратник од Шведска кој живеел во Цриквеница. Нови лист претходно пишуваше дека Печавер и неговата ќерка Ана се осудени за поттикнување на убиството.

Тие побегнаа во странство години пред да почне судењето, па им се судеше во отсуство. Освен нив, осудени се уште три лица.

ЛИНК од видеото

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Српската полиција на нозе, се контролираат сите…

Веста за бруталното убиство на Вања не…

Издадена меѓународна потерница за Љупчо Палевски, осомничен…

Министерството за внатрешни работи издаде меѓународна потерница…

Монструозно: Таткото на Вања направи ЛАЈК со…

Таткото на Вања попладнево e донесен во…

Психолози: Без разлика на тоа што еден…

Откако случајот со 14-годишната Вања Ѓорчевска од…

Медиумите во регинот за убиството на Вања…

Медиумите од регионот објавија вести за најновите…