(Видео) Целта на Русија е да стигне до границата со Полска, Словачка, Унгарија и Романија

t

Главната цел на Кремљ е руската војска да дојде до границата на Украина со Полскам Словачка, Унгарија и Романија, изјави рускиот пратеник Андреј Гуруљев.

Во интервјуто за руската државна телевизија кое го сподели новинарот на Би-би-си, Франсис Скар, Гуруљев истакнува дека е важно да се следи „како се одвиваат работите“ откако руските сили се повлекоа од Херсон.

„Овој ноември е релативно топол во Украина. Ве уверувам дека за најмногу две до три недели, температурите насекаде ќе бидат под нулата. Ќе биде многу непријатно во сите големи и мали градови. Практично, секаде во Украина. Денес продолжува систематското уништување на нивниот електроенергетски систем. Тоа е еден од клучните фактори на нашиот иден успех и подготовка за офанзива“ – изјави рускиот пратеник.

Тој потоа ја истакнува главната цел:

„Руската војска мора да дојде до границата со Полска, Словачка, Унгарија и Романија. Тоа едноставно, е неизбежно! Нема друга опција, само е прашање на време!“ – истакнува Гуруљев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Девет лица се уапсени под сомнение за…

Девет лица се уапсени на северот во…

Инцидент во близина на воена база во…

Британската полиција соопшти дека уапсила неколку мажи…

Вандализирано детско игралиште во Карпош 1

За жал, повторно сме сведоци на вандализам…

Македонија ја посетиле 741.446 туристи за 7…

Македонија во првите седум месеци од 2026…

Кај гостиварец и тетовец пронајдена марихуана

На 26.09.2026 во 12:30 часот на ул.„Мара…