(Видео) Црна Гора врие, министрите се ckaраа, стотици луѓе на пpoтест во Подгорица

t

Стотици луѓе се собраа пред зградата на Владата во Подгорица и побараа смена на Дритан Абазовиќ. Затворени се приодите до зградата на Владата. Најавата за собирот беше споделена преку социјалните мрежи, но не се знае кој е организаторот.

Коалицијата „Црно на бело“ поднесе до Собранието на Црна Гора иницијатива за изгласување недоверба на Владата, што предизвика бурни реакции кај бројни политичари и актуелни министри.
Остро реагираше и претседателот на Парламентот на Црна Гора, Алекса Бечиќ, кој рече дека во Црна Гора во тек е предавство на векот, што Црна Гора не го памети.

Министерот за надворешни работи Ѓорѓе Радуловиќ рече дека не го дели ставот на другите министри дека вицепремиерот Дритан Абазовиќ треба да поднесе оставка.
Тој посочува дека Абазовиќ како потпретседател задолжен за надворешна политика направил многу во промоција и заштита на интересите на Црна Гора.
Во многу комплициран политички момент, како и во секоја сложена и конфузна ситуација, наша обврска е да се грижиме за сè што кажуваме и правиме на јавната сцена. Поедноставувањето и генерализирањето никогаш не се избор, а најмалку во вакви денови. Црногорската влада смета дека е етички вицепремиерот Дритан Абазовиќ да поднесе оставка од таа функција, една од генерализираните реченици, изговорена не само во негово, туку и во име на сите“, се вели во соопштението на Радуловиќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Балканска работа: Српски историчар го прогласи Рилскиот…

Српски историчар го прогласи Рилскиот манастир за…

Небензја: Денеска над Балканот демне опасност од…

Постојаниот претставник на Руската Федерација во ОН,…

Се очекува да ја престигнеме Србија: Македонија…

Македонија е втора земја во регионот според…

„Волстрит џурнал”: Вучиќ и Путин сакаат да…

Додека сите очи се вперени во Украина,…

Зеленски денеска пристигнува во Тирана

Денеска во Тирана ќе се одржи Самит…