(Видео) Чесите се спротиставија: Масовни протести против задолжителната вакцинација

t

Во Чешка, особено во главниот град Прага одржани се протести против задолжителна вакцинација против Ковид-19, која во март ќе стапи на сила за лицата постари од 60 години и некои други групи, јавува Агенција Анадолија.

Голем број на демонстранти се собрале на Вацлавскиот плоштад, еден од важните плоштади, на демонстрациите кои ги организираше невладината организација против вакцини „Chcipl PES“.

Потоа демонстрантите маршираа и извикуваа слогани против неопходноста за вакцинација пред зградата на парламентот.

На демонстрациите одржани во главниот град и во многу градови низ земјата, побарано е на 1 март да не стапи на сила задолжителната вакцинација за граѓани постари од 60 години и оние кои работат во сектори како што се здравството и безбедноста.

Со уредбата објавена во службениот весник на 10 декември, во Чешка од 1 март 2022 година се воведува задолжителна вакцинација за граѓани постари од 60 години, како и за припадниците на полицијата, лекарите, војниците и здравствените работници.

Петр Фиала, новиот премиер на Чешка, кој ја презеде функцијата на 18 декември 2020 година, најави дека граѓаните постари од 60 години ќе бидат изземени од наведената уредба со закон кој ќе биде донесен во февруари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Амбасадорите на Франција и Чешка на средби…

Денеска (19.02.2024), министерот за внатрешни работи Панче…

Македонија ќе игра пријателски меч против Чешкa

Македонската фудбалска репрезентација на 10 јуни ќе…

Чешката влада потпиша договор со САД за…

Чешката влада постигна договор со САД за…

Чешки министер: Национализам преовладува во Косово, ниту…

Ниту една политичка партија или државник со…

Превентивни мерки против Ковид-19 во грчките училишта

По зимскиот распуст поради новогодишните и божиќните…