(Видео) Шокантна снимка – oва ли се чесните кадри?! Еве како обезбедувањето на Мицкоски спречи претрес за дрога и претепа колега полицаец!
На снимката се гледа како Ивица Б., член на обезбедувањето на Мицкоски, и Влатко Г., полицаец од ЕНТ, кој е на служба таа вечер, првично разговараат во внатрешноста на објектот, па како Ивица го истуркува Влатко надвор, каде што во еден момент и го удира со тупаница, а потоа и му се обраќа мавтајќи со прст кон него, објави 360 Степени.
Снимките од безбедносните камери од познатиот скопски локал, до кои дојде „360 степени“, покажуваат што точно се случувало на преминот меѓу саботата и неделата (17 и 18 февруари) кога Ивица Б., член на обезбедувањето на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, нападна колега полицаец кој бил на служба таа вечер.
На почетокот на видеото се гледа како Ивица Б. (облечен во црна блуза) и Влатко Г. (облечен во зимска јакна во окер боја) разговараат во внатрешноста на локалот.
За кратко време Ивица Б. почнува да го турка Влатко Г. и го изнесува надвор од објектот, каде што туркањето продолжува.
Притрчуваат други припадници на Единицата за недозволена трговија во МВР, кои се на задача, и се обидуваат да ги раздвојат, но Ивица Б. во еден момент замавнува со левата рака и со тупаница го удри Влатко Г. во главата.
По ова, се гледа како Ивица Б. продолжува да му се обраќа на Влатко Г. и да мавта со прст кон него оставајќи впечаток дека му се заканува. Во еден момент повторно го удира по рацете.
Случувањата пред локалот се снимени од две камери од различни агли, така што јасно се гледа инцидентот, пишува 360 степени.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Изборен удар за Илон Маск: Потрошил речиси…
Американските милијардери вложиле стотици милиони долари во…
Сали: Постепената интеграција треба да донесе конкретни…
Во рамки на работната посета на Берлин,…
(Видео) Германски војници забележани во Варшава, воени…
На социјалните мрежи се појавија информации и…
Тошковски: И возилата на МВР ќе бидат…
Во 2027 година возилата на Министерството за…
Проруски хакерски групи презедоа одговорност за нападите…
Проруските хакерски колективи „НоНејм057(16)“ и „Зет-Пентест“ презедоа…