Објавено на:

(Видео) Шојгу го разгледуваше запленетото украинско оружје во Авдеевка: „Чие е ова? Хрватско“

t

На социјалната мрежа Х кружи видео, наводно направено во Авдијевка, на кое се гледа како рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу го проверува украинското оружје запленето за време на борбите во градот кој неодамна го зазедоа руските сили.

Шојгу со интерес гледа на запленетата опрема и оружје, а во разговор со заменик-командантот на Централниот руски воен округ, генералот Евгениј Циндијајкин, според достапниот превод, се коментира дека странската опрема, која ја добиле Украинците, „ не му била дорасната на руското оружје“.

На видеото, чија автентичност „Телеграф.рс“ не можеше самостојно да ја потврди, Шојгу се приближува до фрлач на гранати РБГ-6 и со интерес го гледа.

„Чие е ова?“, прашува. „Хрватско“, одговара генералот.

Станува збор за оружје со дострел од 400 метри, кое користи гранати од калибар 40 милиметри. Фрлачи биле испратени од Хрватска како дел од воената помош за Украина, пренесува „Јутарњи“.

Според достапниот превод, Шојгу може да се слушне на снимката како вели дека западното оружје функционира лошо во руски услови и објаснува дека Украина добила „и стари и нови работи“.

„Тука го имаме целиот потенцијал на воената индустрија“, коментира генералот, а Шојгу, меѓу другото, вели дека „се знае дека калашников е најдобар, иако се уште се обидуваат да го надминат“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Русија распиша потерница и за командантот на…

Министерството за внатрешни работи на Русија синоќа…

Британија и Украина започнаа преговори за „стогодишно…

Британскиот министер за надворешни работи Дејвид Камерон, кој…

(Видео) Орбан со чудна порака по повод…

Како што пренесува порталот „Унгарија денес“, Орбан…

Борел: Ако не е западното оружје, Украина…

Високиот претставник на Европската унија за надворешна…

Зеленски: Очекуваме силен руски напад кон крајот…

Украина се соочува со „нова фаза“ на…