(Видео) Што бара полициски началник од Кочани на партиски состанок на ВМРО-ДПМНЕ? Затоа ли има селективна правда?

t

„Најтешката трагедија во поновата историја на нашата држава – трагедијата во Кочани – однесе уште една жртва. Болката се уште е огромна, а прашањата за одговорност за институционалните пропусти– сè погласни. Трагедија со вака тешки последици, со толку голем број на жртви повикува на неселективна истрага и одговорност од сите. Но и покрај сите пропусти непосредно на денот на кобната ноќ и пред тоа, сè уште ниту еден командир, инспектор, началник или функционер на МВР – од ОВР Кочани, СВР Штип или БЈБ – не е повикан на распит, ниту опфатен со истрагата“ рече денеска на прес-конференција портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.

Според неа, „Законот за јавни собири јасно вели дека за масовен настан со над 600 луѓе, мора да има полициско присуство и безбедносен план, дури и ако не бил формално пријавен. Факт е дека МВР не постапило соодветно, не изготвило безбедносен план, не направило проценка на ризик, иако настанот бил јавно најавен. Исто така, МВР е надлежно за дозволите и контролата на употреба на пиротехника во затворен простор – која што е основна причината за пожарот“.

„Полицијата, која била на лице место кобната ноќ во диското – видела малолетници, пиротехника, непријавен настан, клуб без лиценца – и не презела ништо! Значи сите контролни механизми и безбедноста кои се во надлежност на МВР – особено Бирото за јавна безбедност, СВР Штип и ОВР Кочани затаиле. Како е можно да нема никаква одговорност од актуелните полициски функционери кои биле на позиции тој ден? Еден од тие функционери е Томо Донев, началник на криминалистичка полиција во Кочани. Тој е фотографиран на партиски состанок на ВМРО-ДПМНЕ иако според Законот, забранета е политичка активност за полициски службеници“ рече Кузеска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВМРО-ДПМНЕ: Економијата забрзува со раст од 4,З…

Додека СДС очајува и ликува на неуспех,…

Дали има договор меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ…

„Да, бараме“ - вака потпретседателот на ДУИ,…

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ги нарече граѓаните ИДИОТИ

СДС го проби дното и ги нарече…

Кузманоска: Од 1,6% економски раст во време…

Инвестициите скокнаа за 16,5 отсто, градежништвото расте…

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и СДСМ против дата-центрите, дури…

ВМРО-ДПМНЕ соопшти дека претседателот на СДСМ, Венко…