(Видео) Ѓорѓиевски: Мојата работа е транспарентна и отчетна, критиките ги примам, но кога се издржани

t

Градоначалникот на општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, на денешната седница на Светот на општината, истакна дека конечно во општината се работи како што треба, се чистат улиците, се кастрат дрвјата, нешто што е обврска на општината, но претходно не се правело.

„Кога ќе се исчисти улица тоа е бум во Кисела Вода, затоа што четири години некој земал плата ама не чистел улици. Хигиената беше на најлошо можно ниво“, изјави Ѓорѓиевски.

Ѓорѓиевски зборуваше и за легализацијата на диво изградените објекти, нагласувајќи дека е ноекоректно на граѓаните да им се држат предметите во фиоки, без да се реализраат.

Во однос на одбележувањето на паркинг местата, градоначалникот посочи дека последните четири годни не е изградено ниту едно паркиралиште.

„Фактичка состојба, нула паркинг места нови во време на Социјалдемократски сојуз, нула. Сега да се соберемесите, да излеземе, по една бекатон полчка да земеме со рацете, пет места ќе направиме. Вие имате нула “, вели Ѓорѓиевски додавајќи дека во Расадник се гради монтажна гаража, кај бензинската пумпа Мечкаров се гради голем паркинг, а се гради уште еден и кај Дом за слепи, а паркингот во Драчево е веќе завршен.

Тој додаде дека каде што требало да се градат згради, сега ќе се изградат паркинзи.

Градоначалнкот зборуваше и за мерната станица во Кисела Вода за која е во тек и кривична постапка бидејќи мерната станица бида дадена на користење од Град Скопје, како што јa користиме сега откако ја ставивме во функција, но некој платил износ од еден милион денари за да стигне од центарот на градот, до Кисела Вода.

„Ова е сериозен криминал и за ова ќе има одговорност“, дециден беше Ѓорѓиевски.

Во однос на партиските вработувања, градоначалникот изјави дека, за разлика од претходно, кога пола келнери од градот биле на платен список на општината, сега нема ниту едно партиски вработено лице.

Ѓорѓиевски уште една истакна дека е работи транспарентно и отчетно, критиките ги прима но кога се издржани, а она што нема да го дозволи и она на што не се навикнати е аминување на криминалот во нашата општина.

„За разлика од минатото, сега криминалот нема да помине неказнето, народот бара правда и ќе ја добие, заврши Ѓорѓиевски. “

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Одлична вест: Водата за пиење во Скопје…

Водата во Скопје е безбедна и микробиолошки…

Дел од населбата 11 Октомври без вода

 Дел од корисниците од населбата 11 Октомври…

Хрватскиот министер за здравство по појавата на…

Откако едно лице претходно било хоспитализирано во…

Поради дефект без вода Драчево, Долно Лисиче,…

Регионалниот центар за управување со кризи на…

ОН велат дека децата во Газа пијат…

Детскиот фонд на Обединетите нации (УНИЦЕФ) денеска…