(Видео) Ѓурчевски за корупцијата и организираниот криминал: Каде сакаме да одиме ако началник на оддел за организиран криминал е осуден за трговија со наркотици?

t

Наместо да изградиме нормален систем, ние го донесовме најлошото од западот, организираните форми на криминал, корупција шо сега лошо се изразува врз идентитетот на државата, вели во денешната епизода на Тешки муабети поранешниот началник во МВР, Љубомир Ѓурчевски.

Лошата кадровска политика која се спроведе во МВР, особено кога Фрчковски беше министер, се укина факултетот за безбедност, во МВР влегоа некомпетентни луѓе па и криминалци со досиеја кои имаа за цел да ја пасивизираат полицијата. Порано се создаваше прекрасен полициски кадар, имаше кредибилитет, дигнитет, знаеја како да комуницираат со граѓаните.

Денеска началник на оддел за организиран криминал во делот за наркотици е лице осудувано за трговија со наркотици, вели Ѓурчевски.

– Проблемот на корупцијата во Република Македонија се појавува некаде средината на осумдесеттите години кога се чувствува распадот на поранешната држава, та влегува срамежливо во сите институции па и во полицијата.

Во тоа време ефикасноста на полицијата беше на високо ниво. Јас сум имал реализација на кривични дела со непознат сторител и тоа до 70% реализација, исто и кај делот на убиствата.

Спасовски сега вика дека 90% од убиствата се рассветлени, министер, ај да видиме колкав процент се со познат, кој со непознат сторител. Сите се со познат сторител, тие со непознат сторител се со процент на реализација еднаков на нула.

Статистиката вели 50%, едно кривично дело со познат сторител покрива едно со непознат сторител, затоа таа не смее да се употребува со политички цели.

Корупцијата се осамостои кога во Македонија немаше ни закон за јавни набавки, првата афера беше со Тојотите, после набавката на Фрчковски за борбени возила. Свесно се донесе законот за приватизација, целата приватизација се одвиваше во рамки на менаџерски тимови без да се плати спрема државата, тие продуцираа таква корупција и криминалитет за да се одземат насилно акциите на работниците. Тука полицијата потфрли, тука почна да се создава организираниот криминал, вели Ѓурчевски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вашингтон Пост: Украинците не сакаат да се…

Потенцијалните регрути често повеќе би сакале да…

Агелер: Ќе следуваат повеќе санкционирани, но факт…

Денешното именување на поранешниот вицепремиер за економски…

Министрите од регионот потпишаа изјава за борба…

Министрите за надворешни работи на Северна Македонија,…

Спасовски: Отворивме сериозна битка со криминалните структури

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски вели…

Спасовски: Решени сме да расчистиме со криминални…

Се разговара со многу лица, се обезбедуваат…