Маѓар и официјално е премиер на Унгарија: „Најважната задача ќе ни биде запирање на корупцијата“
Проевропскиот конзервативец Петер Маѓар, кој се појави на унгарската политичка сцена пред само две години, беше избран со 140 гласа „за“, 54 „против“ и еден воздржан во парламентот во кој неговата партија Тиса има 141 од вкупно 199 пратенички мандати. Тој на 12 април го собори од власт Виктор Орбан по 16-годишното владеење
По денешното гласање во парламентот, Петер Маѓар положи заклетва и официјално стана нов унгарски премиер. Тој убедливо победи на изборите што се одржаа на 12 април годинава и го прекина 16-годишното владеење на Виктор Орбан и неговата партија Фидес.
Проевропскиот конзервативец Маѓар, кој се појави на унгарската политичка сцена пред само две години, беше избран со 140 гласа „за“, 54 „против“ и еден воздржан во парламентот во кој неговата партија Тиса има 141 од вкупно 199 пратенички мандати.
Изборот на премиер се одржа во отсуство на Орбан, бидејќи тој се повлече од својата пратеничка функција.
„Најважната задача ќе биде запирање на корупцијата и враќање на средствата од Европската Унија дома“,рече Маѓар пред да положи заклетва како премиер.
Новата претседателка на унгарскиот парламент, Агнеш Форстхофер, најави враќање на европското знаме на зградата на парламентот во Будимпешта, откако тоа го немаше таму дванаесет години.
„Наредувам од денес, по дванаесет години, знамето на Европската Унија повторно да се вее над зградата на унгарскиот парламент“,изјави денеска Форстхофер.
Форстхофер, која беше избрана на конститутивната седница на парламентот со 193 гласа „за“, истакна дека оваа прва нејзина одлука на новата функција треба да претставува прв симболичен чекор кон враќањето на земјата во Европа.
По еуфоријата при изборната победа кога Унгарците танцуваа и пееја по улиците на Будимпешта, очекувањата од Маѓар се големи. Тој вети промена на режимот за да се стави крај на корупцијата и нападите врз слободите што, според него, ја одбележаа 16-годишната власт на Орбан.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Унгарија отвори дел од архивите на комунистичката…
Унгарија објави дел од достапните податоци од…
Унгарија најави откажување од руските енергенси до…
Унгарија планира да се откаже од руските…
Маѓар продолжува со чистката во Унгарија: Се…
Унгарската владејачка партија „Тиса“ ќе го поддржи…
Мицкоски со повик до граѓаните: Пријавете корупција,…
Премиерот Христијан Мицкоски вечерва ги повика граѓаните…
Приведен поранешниот гувернер на унгарската централна банка,…
Поранешниот гувернер на Унгарската централна банка, Ѓерѓ…