(Видео) Јакимовски: Со Бугарите место за јазикот и идентитетот треба да разговараме за фашизмот и да го решиме тоа како што го решија Полјаците и Германците

t

Зборувајќи за ЕУ аспирациите на Македонија, и постојаните блокади и барања од Бугарија, Стевчо Јакимовски во денешното издание на Тешки муабети истакна дека нашата земја треба да размисли за алтернатива.

„Велика Британија излезе од Европска Унија. Зошто ние со Велика Британија не си потпишеме специјален договор? Зошто ова отварање на преговори не го ставиме на спореден колосек? И зошто не им кажеме дека јазикот, идентитетот и историјата нема да ги дадеме, единствено што можеме да разговараме со Бугарите е прашањето за фашисти, да го решиме, и мораме да го решиме. Како го решиле Полјаците и Германците, така ќе го решиме и ние. Како го решиле Французите и Геманците, така ќе го решиме и ние, како го решиле Чесите и Германците, така и ние ќе го решиме. И тоа е во ред. Ама 1417 Бугари да ги ставаме во Устав, нека извинат, ама јас кога бев нисител во изборна единица број 3, кај отидов во Источна Македонија, секаде ми викаат јас сум по потекло од Подржикоњ. Па ние сме повеќе, ние треба да влеземе во Уставот.“, коментира Јакимовски.

Тој посочи дека Бугарија, не сакаат да ги вметнат Македонците во Уставот под изговор дека такво им е уставното уредување, но немаат никакво оправдување што не дозволуваат да се регистрира ОМО Илинден, и затоа треба да се стопираат преговорите со источниот сосед.

„Нам, на Македонија, битни држави од Европа ни се Германија, Италија, Франција, и до некаде Австрија. Што за Македонија е битна Летонија, или Естонија? Што е за нас толку битна Данска, Шпанија, Португалија, што е толку битна Словачка, Полска. Овие три четири земји, со нив специјални договори да потпишеме, и тоа е тоа.“, вели Јакимовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Србија не побара помош од ЕУ за…

Србија не го активирала Механизмот за цивилна…

Мицкоски: Нашиот Устав нуди апсолутно сериозна заштита…

Политиката се темели на разговори. Јас сум…

СОСЕДИТЕ ПРОФИТИРААТ ИАКО РУДАРСТВОТО ИМ СТАГНИРА –…

Бугарија минатата 2025 година произвела руда во…

Минималната плата во Бугарија во 2027 година…

Минималната плата во Бугарија за 2027 година…

Euronews: Брисел е заинтересиран да ги следи…

Европската комисија можеби тивко ги следи неидентификуваните…