(Видео) Јанчева призна дека Универзална сала е небезбеден објект и дека Шилегов знаел

t

Во врска со реконструкцијата на Универзалната сала советничката од СДСМ, Љубица Јанчева во Советот на Град Скопје на денешната седница на Советот призна јавно дека претходниот градоначалник на Градот Скопје Петре Шилегов и градското раководство знаело за техничките проблеми и пропусти во проектот и истите за жал биле констатирани.

-Откривме дека има недостатоци во проектот, кога претходното раководство тоа го констатирало, тоа не е ништо ново, лошо е тоа што е така, меѓутоа тоа не е ништо ново кога се во прашање ваков тип на реконструкции, а и самиот изведувач си го видел тоа и го констатирал, сето тоа е записнички евидентирано уште во текот на летото тоа се тие фамозни записници кои ги споменува градоначалничката Арсовска, признава Јанчева.

Советничката вели дека проектот бил стопиран од претходниот градоначалник за да биде безбеден проектот.

Да потсетиме дека градоначалничката Данела Арсовска пред некој ден одржа прес конференција на која ги презентираше сите факти и записници кои се поврзани со Универзалната сала, на кој истакна дека претходниот градоначалник знаел за небезбедноста и пропустите, истото кое го призна Јанчева денеска.

Сепак пропусти имало и грешки во техничката документација во ваквото признавање на советничката на СДСМ, кое претходното градско раководство не ги отстранило и продолжиле да спроведуваат небезбеден објект.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Украден сеф од објект во Карпош!

Украден сеф од продавница во скопски Карпош,…

Заев за „Отворен Балкан“: Напуштање на регионалните…

Поранешниот премиер Зоран Заев е дециден дека…

Да земјотреси утринава ја стресоа Анталија

Два земјотреси со јачина од 3,9 го…

Балканска работа: Српски историчар го прогласи Рилскиот…

Српски историчар го прогласи Рилскиот манастир за…

Предлог за враќање на воениот рок во…

Оценка и предлог за враќање на обврската…