(Видео) Јонуз: Да имаа Македонците единство уште по Младотурската револуција ќе ја имаа Македонија во нејзините етнички граници!
Македонците немаат нешто што на пример Албанците и Србите го имаат, а тоа е единство, да сте имале единство уште со Младотурската револуција ќе имавте држава во реалните етнички граници, вели во денешната епизода на “Тешки муабети” аналитичарот Агим Јонуз.
– Голема Албанија и Голема Србија, постојат во луѓето, не на мапа. Јас не сум протагонист на тоа, само коментирам, но еден Албанец да му се случи нешто, се што е албанско станува на нозе.
Македонците, да биле паметни, ќе имале држава уште по Младотурската револуција, на дејците на ВМРО тогаш им се нудело автономија на Македонија во нејзините етнички и географски граници. Тие не можеле да се обединат околу таа идеја и и денес е така. Македонците се караат меѓу себе за глупости, кај Албанците не е така, до кај што има Албанци, до таму е Албанија, вели Јонуз.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Во Србија од 1 јануари се зголемува…
Жените во Србија од 1 јануари 2027…
Уапсен поранешен српски министер на аеродромот во…
Поранешниот министер за економија и поранешен директор…
Албанското Специјално обвинителство отвори истрага против Рама…
Албанското Специјално обвинителство за борба против корупцијата…
Забранета утринската програма на „Информер“ во Србија
Регулаторното тело за електронски медиуми на Србија…
Уште еден српски функционер оди во притвор!
Судија за претходна постапка од Посебното одделение…