(Видео) 140 настани: Крива Паланка е град на културата за 2024 година

t

Крива Паланка е Град на културата за 2024. Од Министерството за култура велат дека одлуката е донесена поради „богатата програма, која нуди издржан програмски концепт, со различни жанрови и естететика од традиционалното и од современото творештво, како и учество на релевантни домашни и странски уметници“.

-Оваа година на мое големо задоволство и на задоволство на сите мои граѓани ја добивме титулата Општина Крива Паланка да биде носител на таа значајна манифестација. Сега сме на половина од настаните. Имаме повеќе од 140 настани, а веќе 70 успешно се реализирани. Настани кои што го изградија имиџот на општината, затоа што ако се суди по публиката вечерва навистина Крива Паланка заслужено ја носи титулата град на културата, вели градоначалникот на о.Крива Паланка, Сашко Митовски.

Од музичките настапни, најголемо внимание привлече хрватската ѕвезда Северина. Таа е позната по својот уникатен музички и сценски стил, ја потврди својата репутација како една од најголемите ѕвезди на Балканот. Љубителите на музиката имаа можност да уживаат во нејзините најголеми хитови, со перформанси што оставија публика воодушевена.

Домашните ѕвезди пак велат дека одговорноста е најголема кога се пее пред домашната публика.

-Дома е најголема одговорноста, бидејќи како велат старите. Никој не е пророк во своето село. Да не бидам нескромен, но мене вечерва ми тргна од рака и јас многу убаво си поминав. Не можеше никако да се изостави македонскиот стих, македонската песна и како што видовме и сами, македонскиот народ пее, македонскиот народ умее да се радува и да го почитува и сака своето, изјави Давид Темелков, екстраден уметник.

На концертот настапи и бендот Брас Брадрс кои се претставија со различни музички жанрови.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Лисици низ Скопје во близина на Водно…

Во последните неколку дена се појавија видеа…

Обвинение и притвор за лице кое физички…

Основното јавно обвинителство Велес поведе постапка и…

СДСМ: Дебакл на економиските политики на власта…

Согласно последните податоци на Евростат, Македонија денес…

„ЈА ПОВИКУВАМ СИЛЈАНОВСКА ДА СТАВИ ПРСТ НА…

На седумгодишнината од потпишувањето на Преспанскиот договор,…

Димитриоска Кочоска: За нула евра сме ја…

Во овој момент за нула евра сме…