(Видео) Aпасиев: Сакам да верувам дека една друга опозициска партија не ја мести утакмицата! – ако не успееме да се избориме треба да се само распуштиме
Лидерот на Левица, Димитар Апасиев во своето гостување за Инфомакс истакна дека сака да верува дека ниту една опозициска партија не ја мести утакмицата за да се загуби коментирајќи го спротивставувањето на францускиот предлог.
-Се уште сакам да верувам дека една друга опозициска партија не ја мести утакмицата. Тоа ќе биде многу погубно за нив и за целиот народ. Не сакам да шпекулирам. Ќе дадам се од себе за да стапам на контакт на највисоко ниво и оваа утакмица да ја добиеме машки.
Тој потенцираше дека ако Левица и ВМРО-ДПМНЕ не успеат да ја извојуваат оваа победа за народот треба да се самораспуштат.
-Ние ќе ја превземе одговорноста од утре каде што ќе нема алиби. Жалосно е овој гнев на народот да не успееме да го капитализираме со победа. А таа ќе стигне многу брзо. Вторник е клучниот ден, што значи дека треба уште два дена да се издржи исто како Законот за судии, се тепаа два дена и на крај власта се откажаа бидејќи видоа дека не можат против опозицијата. Власта е комплетно делегитимирана. Таа нема суштествена поткрепа ниту на локално, ниту на централно ниво и сега останува да го изврши последното предавство. И сега ако ние како сила во налет го дозволиме тоа треба да се самораспуштиме.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Курти доаѓа во Скопје
Премиерот на Република Косово, Албин Курти денеска…
Во чест на Доли Партон, Трамп нареди…
Доли Партон, една од најголемите ѕвезди на…
116 години од раѓањето на Мајка Тереза
На денешен ден, пред 116 години, во…
Јанчев: Пожарот на депонијата „Мелци“ е напад…
Интензивното гаснење на пожарот на градската депонија…
Златото се искачи на 4.700 долари, растат…
Цените на металите на светските берзи денеска…