(Видео): Meсто на бањи, на 103 години го собори светскиот рекорд во скокање со падобран

t

Швеѓанката Рут Ларсон (103) постави светски рекорд во неделата попладне кога скокна со падобран во тандем во близина на Мотала, на околу 200 километри југозападно од Стокхолм.

Рут Ларсон полека се спушташе на земјата под светло синото небо, каде што ја чекаа нејзините помошници, a снимаше шведската телевизија SVT.
„Горе беше прекрасно“, рече Ларсон додека се спушти.
Сведок на настанот беше претставник на Гинисовата книга на рекорди.
Ларсон, која потекнува од градот Мјолби, за новинската агенција ТТ изјавила дека ѝ се допаѓа чувството на спуштање од небото и покрај слабиот вид.
Таа рече дека не била нервозна пред настанот бидејќи веќе скокнала во тандем во 2019 година.
Рут Ларсон го собори рекордот на Американката Кетрин Хоџис, која скокна од мал авион во близина на Сиетл во август 2019 година на 103 години и 129 дена.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Шведскиот парламент изгласа намалување на возраста за…

Шведскиот парламент гласаше за намалување на возраста…

Разбиена руска шпионска операција во Шведска

Шведската безбедносна служба САПО денеска објави дека…

Шведска усвои закон за мигранти — кој…

Шведскиот парламент гласаше за заострување на законите…

Шведска пресретна два руски борбени авиони

До ова дошло во два наврати во…

Од таблети и лаптопи шведското образование повторно…

Шведскиот образовен систем прави значаен пресврт по…