(Видео) Toлку од изборите – ова веќе не е математички прецизно: Мицкоски, вели „еве и да нема предвремени парламентарни избори“…
Работата повеќе не е математички прецизна… Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски дефакто попладнево се откажа од идејата за предвремени парламентарни избори во мај како што ветуваше и го лажеше членството на партијата.
Од пратеници од власта кои се спремни да гласаат за распуштање на Собраните и предвремени парламентарни избори, Мицкоски се сведе на изјавата „еве и да нема предвремени парламентарни избори“.
Но најголемата грешка која ја направи Мицкоски беше токму во математиката односно во времето кое и останува на Владата на Ковачевски. Мицкоски изјави дека има уште 10-11 месеци до редовните избори, но фактичката состојба е дека до мај наредната година кога треба да се одржат редовните избори има уште 16 месеци.
-Еве и да нема предвремени парламентарни избори, имаме некаде уште 10 до 11 месеци период кога оваа Влада би работела. Зарем некој во Македонија човек верува па дури и самите тие, верува дека за овие 10 – 11 месеци може нешто да се направи и да тргне напред. Да се подобри квалитетот на живот, стандардот на граѓаните, реформу структурни да се случат? Јас мислам дека дури ни тие самите во тоа не веруваат.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трамп сака да го преименува езерото Онтарио…
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави денес дека…
Преку 1.000 хектари со тутун, сончоглед, пченка…
Околу 1.000 до 1.100 хектари, засадени главно…
Пијан велешанец и се заканувал на поранешната…
На 25.08.2026 во 00:30 часот во Велес,…
Курти утре во посета на Македонија, најавен…
Утре, среда, во официјална посета на Македонија…
Ангелов: Голем пожар во Градско – пренасочени…
Голем пожар денеска околу пладне избувна помеѓу…